УХМР: За Велигден дестабилизација, во понеделник обилни врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

В петок и в сабота ќе има извесно зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд наместа и со појава на грмежи. Од недела, односно за велигденските и првомајските празници подрачјето на Македонија се очекува да биде под влијание на влажни и нестабилни воздушни маси од Медитеранот, предупредуваат од Министерството за внатрешни работи.

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд наместа проследени со грмежи и со засилување на ветерот. Локално се очекуваат обилни врнежи, особено в понеделник кага на повеќе места има услови да наврнат над 50 литри на метар квадратен воден талог.

Денеска ќе имаме сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Кон крајот на денот односно преку ноќта во јужните делови ќе има услови за локален дожд. Минималните температури ќе се движат од 1 до 8 степени, додека максималните ќе бидат во интервал од 17 до 25 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево до умерено облачно време, а веќе во попладневните и вечерните часови че настапи поголемо наоблачување кое ќе донесе услови за врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе бележи благ пораст и ќе биде околу 20-от степен, додека во текот на ноќта истата ќе се спушти на 8 степени целзиусови, а се очекува и интензивирање на врнежите.

 

Loading...