УХМР: Викендот ќе донесе заладување, снег и силен ветер

Сподели со своите пријатели

Времето денеска според Управата за хидрометеролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена облачност,  слаб јужен ветер и максималната температура во интервал од 6 до 13 степени цезиусови.

Утре под влијание на нов влажен бран ќе има локални врнежи од дожд, особено во западните делови, каде на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува и засилен јужен ветер и над 70 км/час. Кон крајот на денот врнежите ќе се прошират на повеќе места, вака гласи временската најава и пердупредување од Управата за хидрометеоролошки работи.

Што се однесува до сабота се очекува да има заладување и поинтензивни врнежи, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег. До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, најмногу на планините во западните делови, каде се очекува повеќе од 50 см нов снег. На повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 см.

Во недела во текот на денот врнежите ќе престануваат. За време на викендот и во понеделник ќе дува засилен северен ветер.

Од понеделник се очекува стабилизирање со значително пониски температури на воздухот. Најстудено ќе биде во вторник и среда наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -15 степени, предупредуваат од УХМР.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.