УХМР со најава за значителна промена на времето

Сподели со своите пријатели

Во недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажен бран што ќе предизвика наоблачување, попладне со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително заладување и врнежи од снег на планините и на повисоките места каде ќе се формира снежна покривка.

Во понеделник и вторник времето ќе биде претежно облачно, студено и ветровито со врнежи кои ќе преминат во снег и на некои пониски места.

Дневните температури значително ќе опаднат, за 10 до 15 степени во однос на денешните.

Никола Ивановски

Leave a Reply