УХМР со најава за врнежи од дожд и снег и засилен ветер

Сподели со своите пријатели

Поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќва и утре претпладне ќе дува засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од пониските места, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Повремени слаби врнежи од снег се очекуваат и во делови од Скопската котлина. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка.

Во среда и четврток ќе настапи разведрување и утринските температури насекаде ќе се спуштат под нула и ќе бидат во интервал од -9 до -2 степена.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од источен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, додека максималната дневна температура се очекува да достигне 12 степени целзиусови.

 

Неделна прогноза за Куманово: Подгответе се за температури во минус