Неделна прогноза за Куманово: Подгответе се за температури во минус

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините над 1500 м.н.в од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Врнежите на места ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи. Поради продор на студена воздушна маса, во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места.

Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од источен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, додека максималната дневна температура се очекува да достигне 12 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Од утре драстичен пад на температурите

Врнежите од дожд утре ќе престанат, но температурите драстично ќе паднат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти шест степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне само четири степени целзиусови.

Претежно сончево, но студено време ќе имаме и в среда. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се спушти четири степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да се искачи до шестиот степен.

Зголемување на облачноста ќе имаме в четврток. Ќе преовладува облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југ, односно југоисток. Температурите ќе се движат од четири степени во утринските часови до максимални девет во текот на денот.

 

Loading...

 

Петок носи облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југосточен правец. Температурата во утринските часови ќе се спушти еден степен над нулата со услови за комбинација од дожд и снег. Максималната дневна температура според прогнозите ќе се  искачи до 10 степени целзиусови.

Во сабота се очекува врнежите да престанат. Ќе имаме сончево до умерено облачно, но и за нијанса постудено време. температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен под нулата, додека максималната дневна ќе се искачи само до петиот степен.

Претежно облачно време со слаби сончеви периоди ќе имаме и во недела. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, додека температурата ќе се движи од еден степен под нулата во утринските часови, до максимални четири степени во текот на денот.

 

 

Почетокот на следната работна недела носи нови врнежи од дожд и снег.

Loading...

Никола Ивановски