Низ Македонија утре ќе преовладува променливо облачно време со засилен јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни (над 20л/м 2 ).
Поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен (над 80 км/час) северен ветер.
На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег, особено во сабота.
Во Куманово и околината утре ќе имаме променливо облачно време во претпладневните часови, со поголеми услови за дожд попладне.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од минимални 2 до максимални 13 степени целзиусови.
Во вечерните часови се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд, но без услови за снег, барем не на пониските места.
Никола Ивановски