УХМР со најава за краткотрајна попладневна нестабилност

Сподели со своите пријатели

До вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Дневната температура во голем дел од земјава ќе надминува 35° С, а во јужните делови ќе достигне до 40° С. УВ индексот ќе има многу висока вредност 9.

Утре не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, пред се на исток во планинските подрачја.

Од вторник се очекува промена на временската состојба, и во вторник ќе има врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, особено во северните делови.

Ќе дува умерен југозападен и јужен ветер,кој попладне на повеќе места ќе се засилува. Во среда и четврток времето ќе биде променливо и свежо со локален дожд. Дневната температура, почнувајќи од запад ќе биде во опаѓање, кое ќе продолжи и во наредните два дена и ќе се движи во интервалот од 26 до 33 степени.

 УВ индексот ќе има вредност помеѓу 8 и 7.