УХМР предупредува: Подгответе се за снег викендов

Сподели со своите пријатели

Од недела нашето подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови, кои ќе предизвикат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Врнежите ќе бидат со  променлив интензитет, а во недела во  поголемиот  дел од земјава, се  очекуваат обилни врнежи од снег и формирање на снежна покривка.

Кон крајот на денот на некои места врнежите ќе преминат во дожд, а интензитетот  постепено ќе се намалува.
Повремени локални врнежи од дожд  ќе има и во наредните денови,   но со променлив интензитет, информираат од УХМР.