УХМР не прогнозира поголем интензитет на дождови

Сподели со своите пријатели

Координативното тело за справување со кризи континуирано ја следи хидролошката состојба во Република Македонија.

Loading...

Засега според најавите на УХРМ нема опасност од поголем интензитет на дождови. Веќе од утре се очекува стабилизирање на времето во сите региони, освен во делови каде се очекува да има дождови со мал интензитет.

– Коорднативното тело во координација со сите надлежни институции и ЕЛС будно ја следат состојбата со цел навремено преземање на соодветни превентивни мерки. За таа цел денеска ќе се оддржи и состанок на Координативното тело за спречување со кризи на кои ќе се разгледа моменталната состојба и на кој состанок ќе се утврдат следните чекори на дејствување, информираат од Министерство за транспорт и врски.