УХМР најавува ветер кој ќе ја разбие густата магла

Сподели со своите пријатели

Температура од минус еден степен измерија апаратите изутрина во Куманово, за разлика од минут пет степени во Битола каде беше најстудено, јавува УХМР.

Инаку, времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер.

Во претпладневните часови ќе има магла по одделни котлини, која околу пладне ќе се растури речиси насекаде.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Утре претпладне се уште ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе ги намали условите за појава на магла.