УХМР најавува повторно нестабилност и невреме

Loading...
Сподели со своите пријатели

За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме. 

– Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, стои во соопштението на УХМР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајден 19-годишниот кумановец кој беше пријавен за исчезнат

Никола Ивановски