УХМР најавува поројни врнежи, силен ветер и заладување

Loading...
Сподели со своите пријатели

За време на викендот нашето подрачје ќе биде под влијание на влажен бран што ќе предизвика времето да биде облачно со врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Врнежите ќе бидат пообилни од утре попладне до недела и на места ќе бидат поројни (над 30 л/м2 ).

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Од понеделник ќе има заладување што ќе услови врнежите да преминуваат во снег, а во попладневните и вечерните часови се очекуваат слаби врнежи од снег и во некои пониски места, особено во северните делови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Далибор Стаменковски од Куманово на самит со европската елита на кондициони тренери (ФОТО)

Никола Ивановски