УХМР најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Сподели со своите пријатели

Подрачјето на Македонија за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија на влажни бранови.

Loading...

Времето ќе биде променливо облачно наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во сабота ќе биде релативно топло и ќе има сончеви периоди, а во недела и понеделник врнежи ќе има на повеќе места.

Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд (над 40 л/м2) и појава на грмежи.

Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).

Од понеделник температурата ќе биде во опаѓање.

Никола Ивановски