УХМР најавува обилни врнежи од дожд, засилен ветер и снег на планините

Сподели со своите пријатели

Утре претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а само на повисоките планини снег.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, попладне врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират насекаде, а на места ќе бидат поројни. Пообилни врнежи ќе има во западните подрачја каде локално се очекува да наврнат над 30л/м2.

Ќе дува засилен југозападен в етер, над 70 км/ч, а на планините и над 100 км/час. Максималната температура ќе биде висока во интервал од 8 до 16 степени. Поради брз продор на студена воздушна маса проследен со засилен северен ветер, во вечерните и ноќните часови врнежите ќе преминув аат во снег и на некои пониски места, особено во северните и западните подрачја.

На планините претежно н а запад ќе има значително зголемува ње на снежната покривка, локално и на д 30см, а ќе има и појава на снежни наноси.

Во четврток ќе бида студено со засилен северозападен в етер и дневна температура од 1 до 8 степени.

Нови врнежи се очекув аат од сабота попладне.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.