УХМР и за попладне најавува пороен дожд и грмотевици

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, попладнево ќе биде нестабилно облачно со дожд, грмежи и засилен ветер.

Loading...

Според УХМР, поинтензивни и пообилни врнежи се очекуваат во западните и југозападните делови на земјата.

Инаку, во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Штип, 40 литри на метар квадратен, потоа во Прилеп 33, Битола 27, Струмица и Крушево 14, Пожаране 13, Дојран 11, Берово и Виница 10, Тетово 9, Скопје и Крива Паланка 8, Охрид, Лазарополе и Претор 4, Демир Капија и Гевгелија 3 и Дебар еден литар на метар квадратен.

За утре, УХМР најавува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на кратотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја во западните и јужните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 30 до 37 степени.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.