Температура од минус еден степен измерија службите во Куманово рано утринава, јавува УХМР во дневниот извештај за временската прогноза во Македонија
Според метеоролозите, денес на повисоките места и во јужните делови од земјава ќе биде сончево и релативно топло за овој период од годината. По одделни котлини ќе биде магливо и претежно тивко со променлива видливост и посвежо. Кон крајот на денот ќе има појава на локална облачност и слаб ветер од северен правец.
Утре се очекува претежно сончево време со слаб до умерен северен ветер, по одделни котлини со слаба магла.
В петок ќе дува слаб, повремено умерен северен ветер.