Татко на малолетник од Куманово пријавил во полиција дека неговиот син бил тешко повреден откако бил турнат во училиште од негов соученик.
Loading...
– На 04.06.2025 во 11.30 часот во СВР Куманово, Е.М.(44) од село Романовце пријавил дека во основно училиште во село Романовце, неговиот малолетен син бил турнат од негов соученик, при што паднал и се здобил со тешка телесна повреда, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски