Учениците во Куманово протестираа против онлајн настава (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Ученици Македонци и Албанци денеска се обединија во Куманово на заеднички протест против онлајн наставата.

Loading...

 

 

Околу 14 часот учениците од основни и средни училишта со настава на македонски јазик се собраа и тргнаа низ улиците кон централното градско подрачје.

 

 

Loading...

Во исто време протест започнаа и ученици од гимназијата „Сами Фрашери“ каде настава се изведува на албански наставен јазик.

 

 

Двете групи половина час подоцна се собраа пред зградата на Општина Куманово, каде побараа да се укине онлајн наставата и тие да се вратат во училишните клупи.

– Се собравме со цел стоп на онлајн наставата. Како прво, не можеме сите да си го овозможиме овој наставен процес, затоа што не сме сите во финансиска можност. Најубавите години, детството, дружбата, запознавањето со нови пријателства, насмевките во училишните клупи, се ни е одземено. Мислите само на себе си, само економијата да се подобри бидејќи сте со долгови во врат, немојте со нас децата тоа да го покривате. Се пуштивте, ноќни клубови, кафулиња, спортси настани, концерти, а школо не. Не сме стоки, разбираме што се случува. Од Ковид-19 според вас не може да се зарази во сите тие кафулиња и ноќни клубови каде што народот е еден до друг и милиметар не ги дели, а во школо тоа може? Ако веќе сте решени за онлајн настава зошто не обезбедите на сите лап топ и интернет? Што мислите ние имаме средства? Нашите родители не се милионери и бизнисмени. Што да кажеме за практична настава? Немаме обезбедено превоз, сами се снаоѓаме, рече организаторот на протестот Дамјан Петрушевски.

 

Loading...

 

Поддршка учениците на денешниот протест добија и од дел од родителите.

– Децата мора да идат на училиште. Физичко присуство си е физичко присуство. Ќе останат неписмени дома. Паѓа конекција, интернет лош, многу сиромашни семејства немаат ниту интернет. Што ќе правиме кога ќе дојде зима, има семејства со по две-три деца, кај ќе учат? Ова е хаос. Сметаме дека треба да се вратат на школо барем сега додека е убаво време, па за понатаму ќе видиме, изјави родител на протестот.

 

 

Учениците кои беа на простетот велат дека е потешко да учат од компјутер, а освен учењето им недостасува и дружењето.

 

Loading...

 

– Многу е потешко кога учиме онлајн, отколку на училиште и мислам дека ова ни се најубавите години и треба да ги пројдеме во училиште со друштво, смета една ученичка.

 

 

Loading...

На протестот присуствуваа околу 500 ученици, а следниот е закажан веќе за утре со почеток во 14 часот.

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Текст/фото: Никола Ивановски

Leave a Reply