Учениците од средните и основни училишта во Куманово се вклучија во акцијата ”Ајде Македонија”

Сподели со своите пријатели

Националната акција за чистење на околината од отпад „Ајде Македонија“,  што се спроведува на ниво на цела држава, а организирано од Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина, денес беше организирана и на ниво на средните и основните училишта во Куманово.

Loading...

Целта на проектот „Македонија без отпад 2015“ е граѓаните и сите засегнати страни организирано да се вклучат во чистењето на околината, и по тој повод, во СДУ Гимназија „Гоце Делчев“ , 80 ученици кои се дел од еколошките тимови го чистеа училишниот двор.

Во ООУ „Кочо Рацин“ три дена по ред се собира и селектира смет, а во акцијата се вклучени ученици, наставници, родители и соседи кои живеат кај училиштето, додека во ООУ „11 Октомври“ покрај собирање отпадоци, имаше и едукативно предавање.

Во Земјоделското училиште „Киро Бурназ“ дваесетина ученици ја средуваа тревата и собираа хартија и пласитчни кеси од училишниот двор.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.