Учениците од СОУ „Перо Наков“ ќе ја играат претставата „Госпоѓа министерка“

Сподели со своите пријатели

Учениците од Средното општинско училиште „Перо Наков“ во понеделник на сцената на кумановскиот театар ќе ја изведат претставата „Госпоѓа министерка“, според текстот на Бранислав Нушиќ, но на кумановскиот дијалект.

Под менторска палка на Сашо Тодоровски и Александра Георгиевска на сцената ќе имаме можност да ги видиме актерските способности на Марија Коцевска, Дејвид Стоилковски, Милена Стојановска, Мартин Павловски, Стефан Павличек, Димитар Петрушевски, Гоце Хаџиски, Јована Спасовска, Николај Павловски, Ивана Мадиќ, Катерина Стојмановска, Сара Спасовска, Столе Јаневски, Кристина Петрушевска.

 

Loading...

12935162_10209147542147353_1597595185_n

 

Билетите се пуштени во продажба, а поради големата заинтересираност веќе е закажано и репризно изведување на комедијата во вторник со почеток од 20 часот.

Заинтересираните билет може да си обезбедат на билетарата на Театар Куманово по симболична цена од 50 денари и тоа секој работен ден од 10 до 14 и од 17 до 20 часот.