Учениците од ОУ “Вук Караџиќ” одржаа приредба во чест на Св.Сава

Сподели со своите пријатели

Денеска по повод празникот Свети Сава учениците од ОУ “Вук Караџиќ” одржаа културна манифестација, каде што ги презентираа своите ликовни и литературни творби посветени на ликот и делото на светецот.

Нашето училиште како и секоја година така и оваа приреди кратка манифестација и го одбележавме овој празник Св. Сава и распишавме ликовен и литературен конкурс на тема “Сеуште го чувствуваме сјајот од делото на Св Сава” . Голем број на ученици се одзваа на литеретурниот и на ликовниот конкурс, имавме голем број на литературни творби и на нашите наставници им беше тешко да одлучат кој ученик ќе добие прво,второ и трето место , меѓутоа на крај се одлучивме дадовме награди , благодарници за сите оние кои учестваа во овој конкурс . – Изјави Тања Петрушевска професорка по македонски јазик.

Loading...

Присутни на настанот освен наставниците, беа и родителите на учениците, нивните пријатели и соученици од ОУ “Наим Фрашери”. Директорката и наставниот кадар се максимално ангажирани со цел да ги испочитуваат потребите на учениците од српската заедница, и да ги стимулираат да творат и на српски јазик.

Ние се обидовме во учебната 2013/2014 да отвориме српска паралелка во прво одделение, се јави одреден број на родители кои беа заинтересирани,  но подоцна иако ние добивме согласност од МОН за таа паралелка  родителите во последен момент се откажаа бидејќи останаа две дечиња кои што беа заинтересирани.- Изјави директорката Надица Петровска.

https://www.youtube.com/watch?v=GBSrpZagMic&feature=youtu.be

Моментално во училиштето ОУ “Вук Караџиќ” има дваесет ученици кои се декларираат како Срби.

[huge_it_gallery id=”293″]