Ученици преку социјалните мрежи се организираат за протест во Куманово против онлајн наставата

Сподели со своите пријатели

Ученици од Куманово преку социјалните мрежи се организираат за протест против онлајн наставата.

Loading...

Од она што може да се види на социјалните мрежи, протестот е закажан за утре со почеток во 14 часот од пред Градскиот базен.

Она на што повикуваат организаторите е почитување на мерките за заштита од коронавирусот кога ќе дојдат на собирот.

 

 

Инаку во четврток и петок протестираа и учениците од Гимназијата „Сами Фрашери“ кои побараа државата да им дозволи посетување настава со физичко присуство. Велат дека не секој ученик има техничка опрема од дома да ја следи наставата и затоа побараа Владата да ја промени својата одлука.

Сите средни училишта и поголем дел од основните во Куманово не добија зелено светло од Комисијата при Владата на Република Северна Македонија да посетуваат физичка настава, што создаде револт кај поголем дел од родителите и учениците кои сметаат дека ако може младите да се собираат во кафулиња, можат да одат и на училиште.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply