Убиен сопругот на вицепремиерката на Украина

Сподели со своите пријатели

Во руското гранатирање загина сопругот на вицепремиерката на Украина за европски и евроатлантски интеграции Олха Стефанишина, објави на социјалните мрежи украинската пратеничка Лесија Василенко.

Loading...

Богдан Стефанишин бил убиен пред два дена за време на руско гранатирање додека се обидувал да ги евакуира цивилите од Чернихив.

 

Луганска Народна Република: 170 украински војници се предадоа

 

„Вчера плачев повеќе отколку во сите други 36 дена од војната. Сопругот на мојата колешка Олха Стефанисина беше убиен. Тој загина како херој, обидувајќи се да евакуира цивили од Чернихив. Незамислива трагедија”, напиша Василенко на вчерашната објава на Твитер.

 

Loading...