Убиен руски научник кој работел на развој на вакцина против Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Според државните медиуми и Скај њуз, вчера е убиен научник кој помогнал да се создаде руската вакцина против Ковид-19.

Loading...

ТАСС објави дека научникот Андреј Ботиков (47) вчера бил задавен со појас во неговиот стан во северозападниот дел на Москва.

Научникот работел за Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија на развојот на вакцината Спутник V.

Медиумите наводно тврдат дека неименуван 29-годишен маж го признал убиството, јави ТАСС.

Новинската агенција соопшти дека истражителите рекле дека веруваат дека „убиството е извршено по семеен спор“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Москва порача: Ако Западот го конфискува рускиот имот, ние нема да ги поштедиме