Жена (56) која го паркирала својот автомобил до непокриена шахта, која не ја забележала, паднала во дупка додека излегувала од автомобилот во Менхетен и починала, објави полицијата во Њујорк денес, 20 мај.
Во полициското соопштение се вели дека жената го паркирала својот автомобил веднаш до непокриена шахта во близина на аголот на Петтата авенија во Менхетен во понеделник вечерта и паднала во дупката штом излегла од возилото, половина час пред полноќ, објавува CNN.
Градската полиција соопшти дека полицајците ја пронашле жената во несвест на дното од дупката и дека била прогласена за мртва во локална болница.
Компанијата за комунални услуги „Кон Едисон“ соопшти дека ја истражува несреќата, но не кажа зошто шахтата не била покриена.
Канцеларијата на главниот градски судски испитувач треба официјално да ја утврди причината за смртта.

