Уапсен жител на Липково при обид за нелегален премин на Косово

Сподели со своите пријатели

Триесет и тригодишен жител на липковското село Гошинце бил прибеден вчеравечер при обид илегално да премине на Косово, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Откако бил приведен, полицајците сфатиле дека лицето се бара за издржување затворска казна.

– На 11.10.2021 во 21.00 часот во близина на граничната линија со Косово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Белановце го лишиле од слобода А.С.(33) од селото Гошинце, општина Липково, кој управувал патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, затоа што се обидел илегално да ја премине државната граница, велат од полицијата.

По извршената проверка било констатирано дека А.С. се бара по наредба од Основен Суд Скопје1 за издржување казна затвор за сторено кривично дело „нелојална конкуренција во работи на надворешно-трговскиот промет“, казниво по член 284 од Кривичниот законик.

Лицето, како што стои во соопштението, е предадено на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски