Во Краснодар на дело е уапсен руски државјанин кој ѝ пренесувал информации на украинската страна, соопшти ФСБ.
Loading...
„ФСБ приведе во Краснодар агент на Службата за безбедност на Украина кој го користел псевдонимот Арчи, кој собирал и пренесувал информации до соработниците на СБУ“, се вели во соопштението.
Рускиот државјанин, како што се наведува, воспоставил контакт со украинската страна и по нивна наредба за пари незаконски прибавувал и пренесувал информации кои би можеле да бидат употребени против безбедноста на Русија.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.