Аметист Реалм од Англија се верила со дух од Австралија. Таа светот на живите го известила дека со својот неодамна починал изабраник планира голема свадба, но и бебе. Инаку, врските со духовите не и се непознати, затоа што оваа 30-годишна жена тврди дека веќе имала секс со дваесетина духови.
Аметист на медиумите им раскажала дека од рана младост имала сексуални односи со најмалку 20 духови, но не барала сериозна врска кога отпатувала во Австралија на службен пат.
Амести не верувала дека нивната врска може да прерасне во нешто посериозно, затоа што духовите обично остануваат на едно место, но кога по враќањето во авионот го почувствувала присуството на својот љубовник, кој сепак решил да тргне со неа.
– Не можев да верувам. Бев толку среќна и возбудена. Толку, што се запативме во тоалетот на авионот. И, пак… сега сум член на „Милји над“ клубот, рекла со насмевка за „The Sun“, алудирајќи на тоа дека таа и нејзиното момче дух, имале секс во авионот.
Родителите 30 години го држале затворен во кафез, кога ќе слушнете зошто ќе се запрепастите (видео)

