Тврди дека пријателите не ја канат на родендени оти е преубава (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Уште една убавица проговори за маките низ кои поминува поради нејзиниот физички изглед.

Loading...

Лили Питфилд (25), модна асистентка од Лондон, вели дека нејзиниот атрактивен изглед довел до раздор меѓу неа и група нејзини пријатели.

– Изгубив некои пријатели бидејќи не им се допаѓаше што секогаш бев во центарот на вниманието, иако навистина не сакав да бидам. Други одбиваа да ме поканат на родендени од страв да не им го украдат целото внимание. Девојките се особено злобни, а тоа е многу фрустрирачки затоа што јас сум всушност љубезна и скромна, воспитана да бидам убава и одвнатре и однадвор – рече таа и истакна дека нема момче.

 

 

Дека е поинаква од останатите девојки, вели дека сфатила кога имала 18 години.

– Бев во клубот и еден човек ми испрати пијачка. Не направив ништо за да му сугерирам дека сум заинтересирана за него, па бев навистина шокирана. Му мавнав и му реков благодарам. Бев искрено воодушевена. Беше одлична работа да се зголеми мојата самодоверба. Дотогаш не знаев колку изгледот може да влијае на тоа како луѓето се однесуваат со тебе – продолжи таа.

Loading...

 

 

И денес ситуацијата не е поинаква

– Кога излегувам со моите пријатели, момците секогаш ме издвојуваат и ми даваат бесплатен пијалак, додека обезбедувачите ме пуштаат преку линијата до клубовите и не ми наплаќаат влез. Ова предизвика конфузија кај моите пријатели бидејќи тие го немаат истиот третман, но не можат да си помогнат. Никогаш не излегувам со претпоставка дека тоа ќе се случи, едноставно се случува – рече таа и нагласи дека кога оди на одмор ја третираат како славна личност.

– Во Грција бев во 2016 година. Сопственикот на супер јахтата ме забележа на плажа и ме покани на крстарење. Цел ден ми служеа неверојатна храна и пијалаци. Тој не бараше ништо за возврат, само рече дека се надева дека моето присуство ќе привлече „куп кул луѓе“ – се присетила со насмевка.

 

Loading...

 

Таа се осврна и на своето семејство

– Моето семејство и пријателите ме потсетуваат дека не сите луѓе добиваат ваков третман, па затоа сум благодарна за тоа. Странците секогаш се љубезни кон мене и се чини дека некако секогаш го добивам она што го сакам – додала и повторно забележала дека всушност е скромна девојка, пренесува The Sun.