Твитер изгуби 80 отсто од своите вработени

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 6.000 вработени на Твитер – или околу 80 отсто од работната сила на компанијата – дале отказ или биле отпуштени откако милијардерот Илон Маск ја купи компанијата, објави CNBC, цитирајќи податоци од внатрешната евиденција на платформата.

Loading...

Според документите, работната сила на Twitter со полно работно време е намалена на приближно 1.300 активни вработени – од околу 7.500 пред купувањето на Маск.

Помалку од 550 од оние кои сè уште работат се инженери со полно работно време.

Одделот за доверба и безбедност, кој е одговорен за препораките на политиките, дизајнот и промените на производите, „се намали“ на помалку од 20 вработени со полно работно време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Околу 1.400 вработени се уште земаат плата, но веќе не се очекува да ги исполнуваат обврските во компанијата, пишува РТ.

Многумина од нив дале отказ кога Маск побара да се посветат на неговата нова визија за „тврд“ Твитер 2.0, кој вклучуваше подолги часови и исклучување на далечинската работа.

Маск ја презеде компанијата кон крајот на октомври и речиси веднаш почна да отпушта персонал, велејќи во тоа време дека тоа е „неопходно за да се избегне финансискиот колапс на платформата“.

Неговиот првичен план, сепак, беше да отпушти „само“ околу 50% од персоналот.

Loading...

Поранешен инженер на Твитер, кој побара да остане анонимен, изјави за CNBC дека загубата на работници најверојатно ќе и отежне на компанијата сигурно да ја одржува услугата додека гради нови функции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Тој рече дека базата на кодови на компанијата е преголема и разновидна, а на останатите инженери ќе им биде тешко да ги одржат различните делови од Твитер „во функција“, бидејќи им треба познавање на различни платформи и програмски јазици.