Твитер добива нови функции: Пристигнуваат Super Follows и Communities

Сподели со своите пријатели

Твитер додаде две нови функции на својата платформа. Првата е Super Follows, и тоа е прва премиум функција на компанијата. Друга нова функција е Communities.

Loading...

Super Follows им овозможува на корисниците да им наплатуваат на своите следбеници за пристап до специјална содржина.

За одредена месечна сума, корисниците на Super Follows ќе можат да гледаат ексклузивна содржина, да добиваат билтени наменети само за претплатници, попусти на кориснички производи, пристап до заедницата и многу повеќе.

Опциите зависат од индивидуалната сметка и од она што тие сакаат да им го понудат на своите претплатници.

Друга функција се Communities. Корисниците ќе можат да создаваат и да се приклучуваат на групи кои покриваат специфични теми или интереси.

Овие делови од заедниците тогаш ќе можат да ги видат објавите на други корисници со кои споделуваат мислење, наместо претходната структура што беше случајна.

Нема информации за тоа кога функциите Super Follows и Communities ќе станат достапни на корисниците.

Leave a Reply