Туск се надева дека денеска се ќе се разјасни околу Брегзит

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вели дека теоретски сè треба да биде јасно за Брегзит до крајот на денешниот ден.

Loading...

„Во теорија, за седум до осум часа сè треба да биде јасно за прашањето за Брегзит, преговорите се во тек. Сè оди во вистинската насока, но сè е можно со нашите британски партнери”, рече Туск за полските ТВН24 и Полсат вести, објави ПАП.

Претставниците на ЕУ и Велика Британија не успеаја да се договорат за Брегзит за време на синоќешните преговори, а денес продолжија да бараат компромис, пред утрешниот самит на ЕУ.

Leave a Reply