Турски државјанин нападнат и ограбен на бензинска во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишниот М.Ш.К. од Република Турција вчера во 20.00 часот во СВР Куманово пријавил дека истиот ден околу 17.00 часот на автопатот Табановце – Куманово, во близина на бензиска пумпа, две непознати лица физички го нападнале и му одзеле ранец во кој имал пари и лични документи, по што побегнале, информираат од СВР Куманово.

Loading...

Како што додаваат од кумановската полиција, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply