Туристички „бум“ ја зафати Европа, се патува како никогаш до сега

Сподели со своите пријатели

Во Европа моментално владее „бум“ на туризмот, но „не на сите им е до насмевки“ пишува американскиот аналитички портал „Политико“.

Loading...

Шпанскиот град Барселона настојува да ја ограничи изградбата на хотели, Музејот Лувр во главниот град на Франција во мај не работел поради прекумерни посети, а холандскиот град Амстердам започна кампања за да ги спречи туристите да пијат и мократ по улиците.

Тие три градови се меѓу десетте европски дестинации кои оваа лето во заедничко писмо изразија загриженост поради „експлозивниот раст“ за изнајмување станови на туристите преку интернет платформи од типот на „Airbnb“.

Загриженоста поради „прекумерниот туристички раст“ се зголемува, но жителите на ЕУ патуваат повеќе од било кога и на одмор и на викенд патувања. Повеќе од половина од граѓаните на ЕУ секоја година патуваат поради задоволство.

„Политико“ објавил низа табели за европскиот туризам кои сведочат дека по падот предизвикан од економската криза, бројот на ноќевања во туристичките смештаи во ЕУ непрекинато расте, а од 2009 до 2017 година бележи раст од 29,3 отсто.

Според тие податоци Летонија е прва со скок од 189 отсто, но на второто место е Хрватска со раст на бројот на ноќевања од 130 отсто во тој период. Поголемиот дел од останатите земји на ЕУ се со значително помал раст меѓу 30 и 50 отсто.

Шпанија и натаму е „главно жариште“ на туризмот во ЕУ, затоа што во 2017 година, според „Политико“ имала над 300 милиони регистрирани ноќевања. Следуваат Велика Британија со 279 милиони, Италија со 210 милиони и Франција со 133 милиони. Зад нив се Грција, Австрија, Германија и Хрватска.

Меѓу жителите н Еу во својата држава најмногу патуваат Британците (476 милиони ноќевања на домашни гости), потоа Шпанците со 471 милион и Французите со 433 милиони ноќевања на домашни гости.

Loading...

Повторно гледано според бројот на ноќевања, најпопуларни дестинации во ЕУ се Канарските острови со 93 милиони ноќевања, хвартскиот брег со 77 милиони, Балеарските острови во Шпанија со 64 милиони.

Најмногу во странство патуваат државјани на територијално помали земји на ЕУ, што поради нивната големина не е невообичаено. Тоа се жителите на Луксембург со 92 отсто од сите патувања, Малта, Кипар и Словенија.

Д односот на бројот на ноќевања и бројот на жители произлегува дека најголемо туристичко оптеретување имало на Малта, дури 20.000 ноќевања на 1.000 жители. Хвартска е втора со 19.300, Кипар трета со 18.600, а следуваат Австрија, Грција и Шпанија.

ЕУ вкупно нуди 31 милион „туристички кревети“, од кои третина во Франција и Италија.

Но, гледано на друг начин, според одоносот на бројот на своите туристички кревети по главата на жител, на чело на ЕУ е Хрватска со 255 кревети на 1.000 жители, а следуваат Грција и Австрија.

Она што домаќините најмногу ги интересира е потрошувачката. Швеѓаните трошат најмногу односно 6.129 евра годишно, а Данците 4.206 евра според статистиката од 2017 година.

Швеѓанин како турист троши дури 17 пати повеќе од просечен бугарски турист (364 евра) кој е на дното од листата, пишува „Политико“.

Leave a Reply