Турист скрши историска статуа во Брисел (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ирски турист искрши историска статуа во Белгија само еден ден откако беше претставена пред јавноста по реставрацијата од 15.000 фунти.

Loading...

Неименуван маж е уапсен бидејќи откинал дел од раката со факел на споменикот пред новоотворената берза во Брисел на 10 септември, јавува белгискиот VRT NWS.

Целата зграда исто така беше отворена еден ден претходно, по големата реконструкција од 77 милиони фунти.

На социјалните мрежи се прошири видео од инцидентот.

На видеото се гледа како турист се однесува како пијан како се качува на статуата.

Потоа се исправа обидувајќи се да скокне, но притоа го крши факелот и голем дел од раката на статуата, пишува Independent.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Климатски активисти се залепија на писта на аеродромот во Келн, ги откажаа летовите

„Тој беше весел“

Полициските камери го снимиле чинот на случаен вандализам, а мажот наводно бил пресретнат и уапсен од полицијата во блискиот ресторан за брза храна.

Сопствениците сакаат да ја наплатат штетата која ја проценуваат на илјада фунти директно од туристите.

Loading...

Нел Вандевеннет, кој го водел проектот за реставрација, тврди дека туристот бил во „весело расположение“.

„Поправките ќе чинат многу пари затоа што работата ќе треба да ја завршат вистински занаетчии… Агенцијата за споменици и пејсажи на бриселскиот регион ќе ја надгледува работата. Би сакале брзо да ги извршиме поправките, но ќе сигурно трае неколку недели или дури месеци“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британец се скарал со сопругата на одмор, па му се изгубила секаква трага: Телото пронајдено во црква

„Целата зграда дури сега е вратена во својот поранешен сјај, вклучувајќи ги и двата лава кои беа во лоша состојба. Мислевме дека скулптурите ќе уживаат поголема почит. Многу е тажно што тоа се случи“, додаде тој.

Тоа е последниот во долгата серија инциденти предизвикани од туристи ширум Европа ова лето.