Турција: Неутрализиравме повеќе од 300 курдски милитанти

Сподели со своите пријатели

Турција објави дека повеќе од 300 курдски милитанти се „неутрализирани“ во офанзивата започната во неделата во северна Сирија и северен Ирак.

Loading...

„Операцијата „Канџа-меч“ е во тек со одмазднички воздушни напади и возила за копнена поддршка. Досега се неутрализирани 326 терористи“, објави државната новинска агенција Анадолу цитирајќи го министерот за одбрана Хулуси Акар во петокот.

Анкара го користи терминот „неутрализирани“ за убиени или заробени милитанти.

Целта на операцијата е Единиците за заштита на народот (YPG) и забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК).

Операцијата уследи една недела по бомбашкиот напад во Истанбул во кој загинаа шест лица, а беа ранети повеќе од 80.

Анкара ги обвинува ЈПГ и ПКК за нападот, но двете групи ги отфрлаат обвинувањата. Во меѓувреме, Акар ги негираше информациите дека во турските напади е погодена област во близина на американската база во Сирија.

Не доаѓа предвид дека ќе им наштетиме на коалициските сили или на цивилите“, рече министерот.

Вашингтон ја поддржува ЈПГ во борбата против милитантите на Исламската држава.

Loading...

Тој предупреди дека турската офанзива може да ги загрози тие напори.