Турција: Највисока инфлација во последните 24 години

Сподели со своите пријатели

Во септември годишната инфлација во Турција достигна нов максимум во последните 24 години од 83,45 отсто, покажуваат денеска објавените официјални податоци.

Loading...

Агенцијата АП пишува дека поради ова растат цените на основните производи и дополнително се погодени домаќинствата кои веќе имаат проблеми поради високите цени на енергијата, храната и домувањето.

Турскиот статистички институт објави дека во септември цените пораснале за 3,08 отсто во однос на претходниот месец.

Експертите велат дека инфлацијата е многу повисока од официјалната статистика, а независна група за истражување на инфлацијата денеска ја процени годишната стапка на дури 186,27 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Минатиот месец турската централна банка уште еднаш ги намали каматните стапки, намалувајќи ја референтната стапка на 12 отсто и покрај растот на цените и падот на лирата.

Лирата изгуби над 50 отсто од својата вредност во однос на американскиот долар откако централната банка почна да ги намалува стапките минатата година.

Руската инвазија на Украина и падот на лирата ја поттикнаа инфлацијата.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...