Турција го осуди холандското признавање на геноцидот врз Ерменците

Сподели со своите пријатели

Турското Министерство за надворешни работи вечерва остро го осуди холандското признавање на геноцидот врз Ерменците пред 100 години.

– Остро ја осудуваме денешната одлука на Пратеничкиот дом на холандскиот парламент настаните од 1915. година да ги признае како геноцид, се наведува во соопштението на турското министерствто.

Пратениците на долниот дом на холандскиот парламент денеска признаа дека е починет геноцид над Ерменците за време на Отоманското царство, а тој чекор би можел да создаде тензии во односите помеѓу Холандија и Турција која не признава геноцид, пренесува агенцијата Франц прес.

Историчарите проценуваат дека 1,5 милиони Ерменци биле убиени за време и по првата светска војна во Турција, што многумина го оценуваат како прв геноцид во 20 век. Турција наведува дека биле убиени 500.000 Ерменци.

Турција негира дека се работи за геноцид и тврди дека бројот на жртвите е прувеличен и дека настрадале всушност жртви на граѓанска војна и немири по распадот на Отоманското царство, што довело до загуби на двете страни.

Leave a Reply