Трудница и новороденче се згрижени во болница по пристигнување на Табановце

Сподели со своите пријатели

Странска држвајанка од Ирак е транспортирана на Акушерското  одделение при Општа Болница Куманово, а  по извршените здравствени прегледи поради тежината на случајот е пренесена во ГАК Скопје, информира Регионалниот Центар за управување со кризи – Куманово во дневниот извештај од Тразитниот центар Табановце.

Loading...

Пред два дена, како што информира РЦУК, тимовите на Итна медицинска помош пружиле здравствена помош и на женско новороденчне родено во 2015 година по потекло од Сирија, кое во кампот било донесено со дијагноза Broncitis obstuctiva при што се извршени здравствени прегледи на Одделението за педијатрија при Општа Болница во Куманово.

Инаку, како што информира МВР, во последното деноноќие, издадени се потврди на вкупно 2.653 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на  Сирија-1.035, Ирак-874  и  Авганистан–744.

Во периодот од 19 јуни заклучно со вчерашниот ден,  издадени се потврди на вкупно 339.494 странски државјани.

Во изминатото деноноќие до Секторот  за азил не е поднесено    барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

 

 

 

Loading...