Тројца тинејџери заработија кривични пријави за насилство

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против А.М.(22), А.А.(21), Н.М.(21), Љ.С.(19) и Р.А.(19) сите од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, инфомираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавените на 31.05.2016 година, околу 00,30 часот на ул. „Доктор Рибар“ во Куманово го пресретнале Д.С. од Куманово и без повод и причина физички го нападнале оштетениот удирајќи го по главата и телото по што му нанеле телесни повреди.