Тројца Палестинци се уапсени во врска со експлозиите во Ерусалим

Сподели со своите пријатели

Израелската полиција приведе тројца Палестинци во врска со експлозиите на централната автобуска станица во Ерусалим, јави медиумскиот сервис „И24 њуз“.

Loading...

Медиумите претходно објавија дека една експлозија се случила во близина на автобуската станица, а друга удрила во автобус.

Заменик-градоначалникот на Ерусалим Флор Хасан Наум изјави дека 18 лица се повредени. Малку подоцна беше објавено дека едно лице починало.

Полицијата истражува различни верзии за настанот, вклучително и од гледна точка дека станува збор за терористички напад.