Тројца мигранти оставени сами на себе по доживеана сообраќајка

Сподели со своите пријатели

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден, поточно во 10.30 часот на регионалниот пат Гевгелија–Негорци се случила сообраќајна незгода во која ПМВ„Опел–Тигра“ со гевгелиска регистарска ознака, управувано од И.Ѓ.(25) од Гевгелија, во кое биле и тројца државјани на Палестина (економски мигранти), излетало од патот.

На местото не е пронајден возачот, додека мигрантите биле пронајдени во ОБ Гевгелија, каде претходно биле пренесени за лекување.

Мигрантите во текот на денот ќе бидат спроведени до Прифатен центар за странци –Скопје за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот од Гевгелија, се вели во соопштението на МВР.