Тројца кумановци го прекршиле полицискиот час

Сподели со своите пријатели

На подрачјето на СВР Куманово во текот на изминатото деноноќие лишени од слобода се пет лица (три во Куманово и две во Кратово) кои не се придржувале до мерката забрана за движење на граѓани во временскиот период од 21.00 до 05.00 часот и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Loading...

На подрачје на градот Куманово регистрирани се 44 лица на кои им е изречена мерка медицински надзор и домашна изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Регистрирани се и 567 лица (450 од Куманово, 41 од Општина Липково, 35 од Крива Паланка, 27 од Кратово и 14 од Општина Ранковце) со наредба за изолација од Министерство за здравство.

Од страна на полициски службеници при СВР Куманово се вршат секојдневни контроли на лицата кои се во изолација и самоизолација, како и контроли на угостителски објекти, при што не се регистрирани прекршувања од истите, со исклучок на едно лице кое не се придржувало до мерката за ,,Здравствен надзор и домашна изолација,,-самоизолација, за што ќе следи соодветен поднесок, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply