Трофеи за најдобри атлетичари и најдобар тренер во рацете на Атлетски клуб „Куманово“ (галерија)

Сподели со своите пријатели

Атлетската федерација на Македонија одржа свечена церемонија на која беа прогласени најдобрите атлетичари за 2015 година, машки и женски за различни возрасти, како и награди за успешните тренери.

 

Loading...

10257512_546962668800869_2041770361676644213_n

 

Поголемиот дел од најуспешните атлетичари за 2015 според Ателтската федерација се членови на Атлетскиот клуб Куманово, кој оваа година воедно ја освои титулата за најдобар клуб.

 

67490_546962748800861_6841476693168331434_n

 

Троефите за најдобри атлетичари за 2015 година отидоа во рацете на Милан Вељковиќ кој беше прогласен за најдобар пионер, Анеса Хајдари за најдобра пионерка, Никола Стојановиќ за најуспешен млад младинец и Матеја Ефремовска, а нивниот тренер, Филип Колевски се здоби со наградата „Најуспешен тренер во 2015“.

Колевски вели дека патот до успехот не е лесен и дека наишле и на пречки и проблеми, но сепак клубот успешно ја заврши годината.

Голема Благодарност до сите оние што не помогнаа, посебно кон родителите на овие наши таленти, зошто тие најмногу помагаа и веруваа во нашите амбициозни цели. На крајот од годинава завршивме како убедливо најдобар клуб, додатно на тоа со постигнати 12 државни рекорди, а тоа е скор кој не помнам воопшто дали некој клуб го постигнал истото досега. Имавме 3 сениорски и 5 младински репрезентативци – изјави најуспешниот атлетски тренер.

3064_546964585467344_8148777315937224357_n

 

Loading...

Доказ за успешноста на локалниот спорт е што оваа е вотор признание за најдобар тренер за само недела дена. Минатата недела за најдобар тренер беше прогласен првиот човек на КК Куманово, Страшко Тодоровиќ.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.