Триумф за КК Куманово на гостувањето во Гевгелија

Сподели со своите пријатели

Во стартиниот меч од 11 -тото коло во Првата македонска кошаркарска лига, вицешампионот Куманово очекувано славеше победа над дебитантот во елитата Бест со 93 – 83.

На средбата одиграна во саботата во Гевгелија кумановчани ја запишаа шестата победа во Првата лига, додека за Бест, ова е единаесеттиот пораз во 11 натпревар во нашето најсилно првенство.

Loading...

Најефикасен во редовите на победничката екипа, а воедно и на натпреварот беше Бојан Трајковски кој постигна 39 поени, а имаше и 15 скокови.

Тајрон Харис со 28 поени, 7 скока и 6 асистенции беше најдобар кај домаќинот од Гевгелија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.