Три места кои пркосат на физиката и здравиот разум (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Откако интернетот ни е достапен, имаме можност да видиме многу необични места околу планетата и да гледаме од ден на ден колку е неверојатна и совршена нашата природа.

Loading...

Ви претставуваме три необични феномени што дефинитивно им се спротивставуваат на сите закони на физиката. Некои би рекле дека им се спротивставуваат и на здравиот разум!

Златен камен во Мјанмар

Чаитјо Пагода или Златен камен е гранитна мини карпа со тежина од неколку тони, што успешно се балансира на самиот раб на бездната, а кога дува ветер, се движи.

Веќе 2.500 години, изгледа како да ќе падне, но иако не е приврзана за ништо, таа се одржува на карпата. Бидејќи овој необичен огромен камен му пркоси на законот на гравитацијата, мештаните го сметале за посебен и затоа го покриле со злато. Денес е една од најголемите атракции во Мјанмар.

 

https://www.instagram.com/p/B8HywCVIXCj/?utm_source=ig_embed

 

Loading...

Единствениот пат во Ерменија

Патот до планината Арагатс во Ерменија е познат како аномалија на гравитацијата. Локалната река тече нагорно под агол од 20 степени, и иако изгледа потполно рамно, сè што ќе се спушти на патеката ќе се врати назад. Се верува дека овој пат е едноставна оптичка илузија, еднаква на фатаморгана во пустината.

 

https://www.instagram.com/p/CAdNJX-As9l/?utm_source=ig_embed

 

Водопадот кој тече наопаку

Водопадот Виапугиа на Хаваите е вистинско чудо, затоа што водата не тече надолу, туку тече нагоре! Како и да е, мистеријата е решена со текот на времето – ветровите што дуваат на ова место, дуваат толку силно и во таква насока што ја туркаат целата вода во воздухот, не дозволувајќи ѝ да паѓа природно.

 

Loading...

https://www.instagram.com/p/BRJCjhUBdav/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply