Три лица вчера приведени на Табановце

Сподели со своите пријатели

Во три одвоени случаи во текот на вчерашниот ден на граничниот премин Табановце биле приведени две лица кои биле барани за издржување затворска казна, како и еден кој се обидел да ја премине границата со фалсификувани исправи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Е.Н. (47) околу 17 часот се пријавил за пасошка контрола кога од страна на полициските сужбеници било констатирано дека евидира на СТОП – Листа за издржување казна затвор во траење од еден месец и 10 дена за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“.

Истиот бил лишен од слобода и во 17.15 часот, со Потврда за предавање на лице, предаден е на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Еден час подоцна, М.Ш. (50) од Република Србија се обидела да ја премине пасошата контрола, но било констатирано дека и тој евидира на Стоп – Листа за издржување казна затвор во траење од една година, поради сторено кривично дело „тешка кражба“.

Истата е лишена од слобода и во 18.55 часот, со Потврда за предавање на лице, е предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Третиот случај е регистриран рано утринава околу 2 часот кога поради сомнение за фалсификувана патна исправа, приведен е Т.О. (23) од Република Албанија.

Во 03.30 часот истиот е донесен во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...