Основното јавно обвинителство – Струмица издаде наредба за спроведување истражна постапка против три лица осомничени за хеликоптерската несреќа во која на 10 јули 2014 година загинаа четворица пилоти на Министерството за внатрешни работи.
Прибраните докази и извршени анализи до моментов укажуваат на сомнение дека лицата извршиле кривично дело – тешки дела против општа безбедност.
Надлежниот јавен обвинител и во текот на истрагата ќе продолжи да прибира податоци и докази, како и да сослушува сведоци кои ќе помогнат за целосно расветлување на случајот. Ќе бидат сослушани и осомничените лица – соопшти Обвинителството, а пренесуваат националните медиуми.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.