Три лица од Куманово добија кривични за криумчарење мигранти

Сподели со своите пријатели

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против три лица од Куманово Д.П. (40), И.С. (27) и Б.Д. (27), поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело криумчарење мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено во текот на вчерашниот ден околу 3:40 часот на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на селото Прдејци од страна на полициски службеници било забележано како во патничко возило „крајслер“ , управувано од Д.П. влегуваат мигранти.

Во 03.45 часот било сопрено и патничко возило „ауди“ во кое биле останатите пријавени. Од преземени мерки е утврдено дека  во организација на И.С. со возилото на Д.П. се превезувале мигранти, а додека останатите пријавени со другото возило му биле претходница.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавените  им  е определена мерка притвор од по осум дена, а истите ќе одговараат за криумчарење мигранти.