Три години од мандатот на Димитриевски: Утре отчет за сработеното изминатата година

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски утре со почеток во 12 часот ќе даде отчет за сработеното во текот на изминатата година, а по повод три години од неговиот мандат.

Loading...

На 17ти месецов се навршија три години од победата на Димитриевски на локалните избори во 2017 година, кога тој ја однесе победата како кандидат на СДСМ.

– Овие изминати три години заедно со советниците и тимот работевме посветено да ги подобриме комуналните услови за живеење на Кумановчани и да ги надминеме финансиските и организациски проблеми во општината. Знам дека не ги решивме сите комунални проблеми но исто така знам дека со домаќинско и посветено работење по долг период финансиски ја деблокиравме општината и двете јавни претпријатија, реализиравме над двестотини градежни проекти и други активности, рече Димитриевски.

Чекор по чекор со заеднички сили, вели Димитриевски, ќе стигнеме до целта – Куманово модерен и урбан европски град.

Никола Ивановски

Leave a Reply